Достапни линкови

Милановиќ го одби предлогот за заеднички ден за сеќавање на жртвите


Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја отфрли иницијатива на српскиот колега Александар Вучиќ за заеднички ден на сеќавање на жртвите од војните во поранешна Југославија, и пред да биде официјално направен предлог.

- Со должна почит и сочувство, ние не му ги одредуваме некому празниците и деновите за сеќавање, ниту пак некој може нам да ни кажува, изјави денеска Милановиќ.

Српски медиуми вчера јавија дека премиерот Александар Вучиќ ќе предложи на претстојната конференција за Западен Балкан во Виена заеднички ден на сеќавање за жртвите од судирите на просторот на поранешна Југославија.

На прес конференција тој рече дека на 27 август во Виена ќе им предложи на лидерите од државите што учествувале во судири на простор на поранешна Југославија да се изнајде заеднички ден на сеќавање на сите жртви “кои не би биле разликувани по национална припадност

XS
SM
MD
LG