Достапни линкови

ИД тврди дека Салопек е убиен


Припадници на Исламска држава го обезглавиле Хрватот Томислав Салопек, киднапиран на 22 јули, објавија хрватски медиуми повикувајќи се на сајтот Њуздеј247.

Извори поврзани со екстремистите тврдат дека џихадистите го убиле 30-годишниот Хрват кој работел за француската компанија CGG Ardiseis. Наводно се појавиле и фотографии на обезглавениот Салопек, но автентичноста не е потврдена.

Претходно, ИД разгледувала 48 часа рок за продолжување на ултиматумот

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ синоќа се врати во Загреб, по серијата разговори со египетските официјални претставници посветени на понаоѓањето и ослободувањето на Хрватот Томислав Салопек, кој е задржан како заложник од страна на џихадистите во Египет.

- Хрватската Влада и Министерството за надворешни работи ќе продолжат да работат на решавање на случајот со киднапираниот хрватски државјанин, но поради сложноста на состојбата во овој момент не можеме да откриеме повеќе детали, соопшти Министерството.

XS
SM
MD
LG