Достапни линкови

Салопек во рацете на озлогласениот Џихад Џон?


Маскираниот терорист со голем нож во левата рака, која стои на снимката зад киднапираниот Хрват Томислав Салопек би можело да биде Џихад Џон кој е познат по првата снимка од убиството на заложници, јавуваат британските медиуми.

Кога ќе се споредат снимките на кои Салопек ја пренесува својата порака со оние од предходно каде Џихад Џон стои зад киднапираните странци, постои можност дека навистина се работи за најозлогласениот џелат на ИД.

Како што се наведува , физичка конституција е многу слична, тој држи нож во левата рака а држењето одговара на оние од претходните снимки.

Но, според британските медиуми, има и некои разлики. Во повеќето случаи, Џихад Џон со своите жртви се сликал облечен во црна облека со нож во левата рака.

Џихад Џон е доведен во врска со киднапирањето на Томислав Салопек само десет дена откако во јавноста се појави информација дека тој избегал од редовите на ИД , и дека во Сирија се приклучил на друга терористичка група.


XS
SM
MD
LG