Достапни линкови

logo-print

Грција:Нема докази за хакерски упад во Даночната управа


Грчката полиција по спроведената истрага не пронашла докази за тврдењата на поранешниот грчки министер за финансии дека бил изврешен хакерси упад во системот на Даночната управа на Грција, јави агенцијата АНА.

Варуфакис неодмна изјави дека во рамките на неговиот „план Б“ во случај за излез на Грција од еврозоната, наредил да биде извршен хакерски упад за презамње на податоците за грчките даночни обврзници од електронскиот систем на Управата.

Меѓутоа, полициски извор тврди дека по извршените анализи на четири хард диска од Даночната управа, не се откриени никакви докази за упад во нејзината база на податоци.

Во тек е истрага против неколкумина вработени во грчкото Минисетсртво за фиинансии, за кои се претпоставува дека би можеле да бидат поврзани со упадот за кој говори Варуфакис.

XS
SM
MD
LG