Достапни линкови

Десетици загинати во нападите во Кабул


Во вчерашниот бран бомбашки напади кои го потресоа главниот град на Авганистан, Кабул загинаа десетици луѓе а стотици се повредени.

Во првиот напад во раните утрински часови камион полн со експлозив беше активиран во станбена населба во близина на Министерството за одбрана, при што 15 луѓе загинаа, а 240 се повредени. Помалку од 24 часа подоцна, бомбаш самоубиец облечен во полициска униформа се разнесе кај влезот на полициската академија во Кабул. Во соопштението објавено денеска Министерството за внатрешни работи објави дека повеќе од 40 кадети и цивили се убиени во нападот. НАТО, исто така, потврди дека осум цивилни соработници и еден од членовите на нивната служба биле убиени во текот на ноќта во битката кај објектот која се користи од американските специјални сили во Кабул во близина на аеродромот. Објектот бил нападнат со автомобил-бомба по што престрелките продолжиле во текот на ноќта.

XS
SM
MD
LG