Достапни линкови

Убиецот од киното во Колорадо доби доживотен затвор


Судот во американската сојузна држава Колорадо синоќа го осуди 27-годишниот Џејмс Холмс на казна доживотен затвор без право на помилување, поради нападот врз киното во предградието на Денвер, Аурора пред три години.

При нападот во киното, на 20 јули 2012 година при премиерата на тогашниот нов филм за Бетмен, Холмс уби 12 лица и рани 70 други.

Судската порота минатиот месец го прогласи Холмс за виновен по сите точки од обвинителниот акт, но не постигна согласност за изрекување на смртна казна.

Обвинителството бараше Холмс да биде осуден на смрт, додека адвокатите инсистираа тој да биде сместен во психијатриска болница, тврдејќи дека има шизофренија.

XS
SM
MD
LG