Достапни линкови

logo-print

Загреб:Тајните служби ја продолжуваат потрагата по Салопек


Mинистерката за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ синоќа се врати во Загреб, по серијата разговори со египетските официјални претставници посветени на понаоѓањето и ослободувањето на Хрватот Томислав Салопек, кој е задржан како заложник од џихадистите во Египет.

- Хрватската Влада и Министерството за надворешни работи ќе продолжат да работат на решавање на случајот со киднапираниот хрватски државјанин, но поради сложноста на состојбата во овој момент не можеме да откриеме повеќе детали, соопшти Министерството.

Салопек, кој работи за една француска компанија во Египет, беше киднапиран во близината на Каиро на 22 јули, по што во средата џихадистичката група која себе си се нарекува Провниција Синај на Исламската држава, на интерент објави видео во кое се тврди дека 30-годишниот Хрват ќе биде убиен, доколку во рок од 48 часа египетските власти не ги ослободат од затворите „муслманските жени“.

Крајниот рок на ултиматумот истече вчера во 17:35 часот по средноевропско време.


XS
SM
MD
LG