Достапни линкови

Распоредени странски војници во Кабул по нападите


Странски војници се распоредени во близина на Министерството за борба против наркотици во Кабул по бранот бомбашки напади кои го потресе градот вчера кога загинаа најмалку 35 лица, а беа повредени стотици други. Извор од безбедносните служби за дописниците на Радио Слободна Европа изјавил дека странските војници го опколиле министерството за да ги заменат авганистанските безбедносни сили таму, бидејќи се мислело дека има странски советници во зградата.

Бомбаш самоубиец изврши бомбашки напад во близина на полициската академија во Кабул по што битките продолжија и во текот на ноќта.

Авиони на НАТО, исто така, биле вклучени во борбите. Властите објавија дека еден член на силите на НАТО во Авганистан и двајца бунтовници се убиени во текот на ноќта

Талибанците ја презедоа одговорност за самоубиствениот бомбашки напад во вечерните часови во близина на полициската академија во Кабул, во кој загинаа најмалку 20 полициски регрути, а повредени се најмалку 40 други.

XS
SM
MD
LG