Достапни линкови

Илјадници Ирачани вчера протестираа во центарот на Багдад и други градови против недостигот на електрична енергија и други услуги, како и корупцијата на власта. Демонстрантите ги повикаа властите да се справат со хроничниот недостиг на електрична енергија во земјата бидејќи температурите се над 50 степени целзиусови.

Ова се втори протести по протестите од минатата недела. Демонстрантите ги интензивираа и повиците за реорганизација на владата. "Промени, тоа е она што ни треба", изјави наставничката Најла Малек, една од демонстрантите кои се собраа на плоштадот Тахрир во Багдад. Набил Јасем организатор на протестот во Багдад, соопшти дека нивните барања вклучуваат подобрување на услугите со електричната енергија и изнаоѓање на нови начини за борба против корупцијата. Тој ги повика властите да преземат одговорност за енергетскиот дебакл што ги остави луѓето да имаат само неколку часови електрична енергија дневно и покрај тоа што Ирак е една од земјите со најголеми резерви на нафта во светот.

XS
SM
MD
LG