Достапни линкови

Гласот на граѓаните е појак од зборот на премиерот во оставка - Попис сега!


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.
Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Граѓаните бараат пописот на населението да биде спроведен побрзо од страна на државните институции, но тоа да биде направено од влада која ќе биде избрана на демократски и фер избори каде својата политичка волја да биде според сите меѓународни стандарди и прописи, пишува Рубинчо Аризанкоски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Од почетокот на оваа година до денес во Република Македонија се случуваат доста интересни моменти и случувања од фрлање на „бомби“, се до барање на попис на населението од страна на граѓанскиот сектор, барање кое произлегува од договорот во Пржино од 2 јуни 2015 година. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија требаше да се реализира на 1 април 2011 година, со предвремени подготовки во 2008 година. Но, поради распуштањето на парламентот и закажувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни 2011 година, пописот се одложил за месец октомври.

Граѓаните не знаат зошто пропадна пописот во 2011 година, а уште помалку знаат каде се одлеа 15 милиони евра, финансиски средства од државниот буџет дадени за пропадната операција. До денес нема ни трага ни глас од страна на државните институции, па ниту некој одговараше за обид за фалсификат на пописот.

По „победата“ на владејачката партија и формирањето на новиот состав на парламентот, подготовките за попис продолжиле. Подготовката и реализацијата на пописот на населението, домаќинствата и становите, овој пат го следи Еуростат. Тимот од страна на оваа европска институција го предводел Жан Мишел Дур, признат експерт за пописи.

Според законот за попис на населението во 2011 година, одговорни за спроведување на пописот се Државната пописна комисија и Државниот завод за статистика. Тоа се два органа кои треба да ги направат подготовките за најсложена статистичка операција што треба да ја спроведи државата. Но, да се потенцира дека улога има Агенцијата за катастар каде во текот на подготовките за пописот треба да ги ажурира границите на просторните единици и да направи скици. Овие документи агенцијата ги доставува до Државниот завод за статистика.

Претседател на Државната пописна комисија беше Весна Јанеска, каде на 30 септември 2011 година таа си поднесува оставка, а нејзино место комисијата ја назначува Слободанка Гиевска за нов претседател, додека на местото Беџети кој исто така си поднесе оставка, за нов потпретседател комисијата го избрала Бујар Османи.

Пописот на населението беше предвиден да започне на 1 октомври и да заврши на 15 октомври 2011 година, на 10 октомври пописот е стопиран со поднесување на колективна и неотповиклива оставка на Државната пописна комисија поради поделбите во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници.

Според податоците на Државниот завод за статистика од последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 година, Република Македонија има 2.022.547 жители, што е за 3.9 проценти повеќе во однос на Пописот од 1994 година и 43 проценти во однос на Пописот од 1948 година. Според проценката на населението (30.06.2014) во Република Македонија има 2.067.471 жители, а густината на населението изнесува 80.4 жители на км2.

Во петокот гледав собраниски канал, каде збор зеде премиерот во оставка Никола Груевски кој најави дека владата имала намера да спроведе попис на населението плус тоа до крајот на 2015 година ќе бил набавен софтвер кој ќе овозможел електронско поврзување на матичните евиденции за спроведување на пописот. На, ова реагираше граѓанскиот сектор кој ја има мојата поддршка за спроведување на регуларен попис без манипулации и фалсификати, затоа што пописот треба и мора да биде спроведен според меѓународните стандарди.

Граѓаните не знаат зошто пропадна пописот во 2011 година, а уште помалку знаат каде се одлеа 15 милиони евра, финансиски средства од државниот буџет дадени за пропадната операција. До денес нема ни трага ни глас од страна на државните институции, па ниту некој одговараше за обид за фалсификат на пописот.

Граѓаните бараат пописот на населението да биде спроведен побрзо од страна на државните институции, но тоа да биде направено од влада која ќе биде избрана на демократски и фер избори каде својата политичка волја да биде според сите меѓународни стандарди и прописи. Но, моменталната ситуација во земјата оваа влада нема кридибилитет да подготви и спроведи каков било попис на населението.

Република Македонија заедно со Сомалија се единствените земји кои немаат спроведено попис во повеќе од една деценија. Попис сега!

XS
SM
MD
LG