Достапни линкови

Втор терористички напад во Кабул во последните 24 часа


Бомбаш самоубиец денеска изврши бомбашки напад во близина на полициската академија во Кабул, што е втор терористички напад во последните 24 часа во главниот град на Авганистан. Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека се очекува да има жртви, но не откри бројка за загинати или повредени од нападот. Во раните утрински часови камион полн со експлозив беше активиран во станбена населба во близина на Министерството за одбрана, при што 15 луѓе загинаа, а 240 се повредени. Портпаролот на претседателот Ашраф Гани изјави дека 47 жени и 30 деца се меѓу повредените. Шефот на полицијата на Кабул, Абдул Рахман Рахими за дописниците на Радио Слободна Европа од Авганистан изјавил дека експлозијата од камионот „ги погодила одичните луѓе и им ги уништила нивните домови и бизниси. Тој рече дека дел од ѕидот на комплексот на Министерствот за одбрана бил уништен, но дека внатре немало повредени.

XS
SM
MD
LG