Достапни линкови

Убиен блогер во Бангладеш


Телото на блогерот Вашикур Рахман.

Телото на блогерот Вашикур Рахман.

Банда вооружена со мачети исекле до смрт секуларен блогер во неговиот дом во Дака, што е четврто убиство во Бангладеш во 2015 година. Полицијата потврди дека Нилој Чакрабати, кој на имтернет го користел името Нилој Нил бил убиен од осомничени исламски милитанти, кои влегле во неговиот апарман, преправајќи се дека бараат место за изнајмување. Ансар ал-Ислам, филијалата на Ал Каеда во Бангладеш ја презема одговорноста за убиството и предупреди дека ќе има уште убиства. Ансар ал-Ислам исто така ја презеде одговорноста за убиствот на блогерот Вашикур Рахман во март. Многу секуларни блогери во Бнгладеш почнаа да се кријат во последните месеци, користејќи псевдоними за своите постови. За најмалку седум се знае дека ја напуштиле земјата.

XS
SM
MD
LG