Достапни линкови

logo-print

Руски офицери бришеле видео материјали на РСЕ


Судот во Душанбе.

Судот во Душанбе.

Руски офицери од 109-от гарнизон во судот во Душанбе конфискувале и делумно избришале видео материјали од судење од висок профил, на соработници на Радио Слободна Европа во Таџикистан. Дописниците Абдуло Ашуров и Амридин Олим го снимале судењето на двајца руски војници осомничени за убиството на таџикистанскиот таксист од минатата година. Двајцата добиле дозвола од претседавачкиот руски судија Дмитриј Норвинд да снимаат пет-минутно видео од судењето кое започна на 4 август. Но, дописниците биле сопрени од руски воен персонал и биле испрашувани откако судењето било одложено. Руски офицер кој се претставил како полковник Перепелиста, им ја конфискувал опремата на новинарите и им ја вратил еден час подоцна, откако избришал неколку снимки. Дописниците велат дека Перепелиста вербално ги навредувал и Радио Слободна Европа ја опишувал како „анти-руска алатка за пропаганда.“

XS
SM
MD
LG