Достапни линкови

Пет жртви во судирите меѓу Турција и курдските милитанти


Во извештаите од југоисточна Турција се вели дека најмалку пет луѓе денеска загинале во судирите меѓу безбедносните сили и курдските милитанти. Во Силопи, во близина на границата со Сирија и Ирак, три лица загинале во текот на ноќта и неколку биле повредени во судирите кои ги предизвикаа извештаите од полициските рации. Во меѓувреме, во провинцијата Агри во близина на туркста граница со Иран, турски војник и вработен од иранска автобуска компанија беа убиени во напад со огнено оружје, во кој исто така беа повредени тројца ирански цивили. Најмалку 30 луѓе загинаа во насилствата меѓу турските безбедносни сили и курдските милитанти во последните две недели.

XS
SM
MD
LG