Достапни линкови

Вучиќ ќе предложи заеднички ден за сеќавање на жртвите


Премиерот на Србија Александар Вучиќ, на претстојната конференција за Западен Балкан во Виена ќе предложи заеднички ден на сеќавање за жртвите од судирите на просторот на поранешна Југославија. Тој рече дека на 27 август во Виена ќе им предложи на лидерите од државите што учествувале во судири на простор на поранешна Југославија, да се изнајде заеднички ден на сеќавање на сите жртви “кои не би биле разликувани по национална припадност“. Според него, секој би можел да покаже еднакво почитување кон жртвите и сите би знаеле дека жртви имало на сите страни.

XS
SM
MD
LG