Достапни линкови

logo-print

Ахмети се сретна со амбасадорите Бејли и Орав


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше заедничка средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, во американската амбасада во Скопје. Тема на разговорите, како што соопшти ДУИ, беше имплементацијата на јунскиот договор и на протоколот од 14 јули кој се постигна во согласност со најголемите политички партии во земјава со посредство на ЕУ и САД. Ахмети нагласи дека ДУИ целосно го поддржува договореното и прави напори за негова успешна реализација преку конструктивни и натпартиски предлози.

Специјалниот обвинител го претставува следниот предизвик и затоа партиите треба да се ангажираат максимално за да овозможат успешно функционирање на оваа привремена институција во рамки на обвинителскиот систем на земјава. Тој ги претстави ставовите на ДУИ во однос на прашањето на специјалниот обвинител, но и за другите прашања кои произлегуваат од договорите постигнати од четирите политички лидери. За ДУИ, сите обврски од договореното треба да се имплементираат консензуално за да се поврати довербата на граѓаните и да се зајакне кредибилитетот на институциите. „Што поскоро ги имплементираме овие обврски, толку поскоро ќе се вратиме на приоритетните прашања за земјава како што се евроатлантската интеграција, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економскиот развој“, рече Ахмети.

XS
SM
MD
LG