Достапни линкови

Издадени над илјада нови потврди на мигранти


Министерството за внатрешни работи соопшти дека уште 1.064 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на мигранти во изминатото деноноќие. Такви потврди досега вкупно се издадени на 28.297 странски државјани. Од издадените потврди 672 се за лица од машки пол, 177 се од женски, 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Издадени се и потврди на уште 26 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 967, потоа Пакистан 40, Ирак 33, Авганистан 19, а другите се во помал број.

Од вкупно 28.297 странски државјани кои добиле потврда, најбројни се државјаните на Сирија 21.705, потоа на Авганистан 1.964, Ирак 1.473, Пакистан 968, Сомалија 526, Палестина 435, Конго 285, Камерун 133, Еритреја 129, Нигерија 103, Етиопија 99, а другите се во помал број. Од стартот на издавање потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден е евидентиран еден барател на азил (маж).

XS
SM
MD
LG