Достапни линкови

Случајот „Ровер“ вратен на повторно судење


Основен суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден го примил решението на Апелациониот суд Скопје во врска со предметот „Ровер“ со кое првостепената одлука по вторпат се укинува и предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд.

„Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители како и на Основното јавно обвинителство Скопје за сторена суштествена повреда и оценил дека наводите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради која не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост, изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен правен настан во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност од страна на обвинетите“, соопшти Основен суд Скопје 1.

„Постапувајќи по повторената постапка во предметот кој бил укинат со решение на Апелациониот суд, второстепениот суд дал напаствија кои првостепениот суд требал да ги преземе при повторното постапување, меѓутоа Апелациониот суд во решението наведува дека судот при повторното судење не постапил во целост по дадените напаствија, не ги отстранил констатираните повреди и не ги утврдил решителните факти во повторената првостепена постапка“, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG