Достапни линкови

logo-print

Јанукович не се појави на сослушување во Киев


Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович.

Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович.

Поранешниот претседател на Украина, Викотр Јанукович не се појави на сослушување во канцеларијата на обвинителот во Киев, изјави неговиот адвокат Виталиј Сердјук. Украинските власти на 6 август соопштија дека го повикале Јанукович да сведочи за изтрага за корупција. Сердјук денеска рече дека Јанукович нема да дојде на сослушувањето поради „стравување за неговиот живот и безбедноста на неговото здравје.“ Тој додаде дека неговиот клиент е подготвен преку видео да одговори на сите прашања поврзани со случајот. Јанукович побегна од Украина на крајот на февруари 2014 година, во услови на масовни насилни проевропски протести и моментално престојува во Русија, а неговата локација не е позната.

XS
SM
MD
LG