Достапни линкови

Почна судењето на новинарката Исмаилова


Новинарката Хадиџа Исмаилова.

Новинарката Хадиџа Исмаилова.

Почна судењето на истражувачката новинарка од Азербејџан, Хадиџа Исмаилова во преполна судница во Баку. Десетици активисти, новинари и дипломати не добија можност да влезат внатре во судницата. Прелиминарните сослушувања за случајот на Исмаилова беа одржани на 24 јули. Исмаилова која известуваше опширно за корупција на официјални лица во Азејберџан, се соочува со обвиненија за проневера на пари, даночно затајување и злоупотреба на функцијата. Таа ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани, а активистите и западните Влади постојано го осудуваат нејзиното апсење. Судењето доаѓа осум месеци откако Исмаилова, која е соработник на Радио Слободна Европа, беше уапсена. Амести интернешнал ја нарече Исмаилова „затвореник на совеста“ и Комитетот за заштита на новинарите ги нарече обвиненијата како одмазда за нејзината новинарска работа.

XS
SM
MD
LG