Достапни линкови

Милитантите на ИД киднапираа 230 цивили


Армијата на ИД.

Армијата на ИД.

Милитантите на Исламската држава киднапирале 230 цивили, вклучително налмалку 60 христијани, по заземањето на стратегиски лоциран град во централната сириска провинција Хомс. Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон изјави дека цивилите биле киднапирани на 6 август во градот Ал-Каратијан. Многу од христијаните избегале од Алепо во северниот дел на сирија, барајќи засолниште во Ал-Каратијан. Шефот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман вели дека киднапирирањето од страна на ИД е поради „соработување со режимот.“ Пред војната, бројот на населениото во Ал-Каратијан изнесуваше 18.000 жители, вклучително сунитски муслимани и околу 2000 сириски католици и православни христијани. Христијанското население во градот се намали на неколку стотици.

XS
SM
MD
LG