Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу турската полиција и ПКК


Илустрација.

Илустрација.

Турските медиуми соопштија дека две лица загинале во судири меѓу полицијата и осомничени курдски милитанти во југоистокот на земјата. Околу 10 луѓе исто така се повредени во судирите во Силопи, град во провинцијата Сирнак, во близина на границата со Сирија и Ирак. Се уште не е познат идентитетот на загинатите. Насилство ја зафати источна Турција од минатиот месец, откако забранетата Курдска работничка партија (ПКК) ги зголеми нападите врз турските безбедносни сили и Анкара возврати со воздушни напади врз нејзините борци во Турција и во северен Ирак. ПКК го започна својот бунт во 1984 година и оттогаш повеќе од 40 илјади луѓе загинаа во конфликтот.

XS
SM
MD
LG