Достапни линкови

Во Русија уништени тони храна шверцувана од Запад


Руските власти уништиле тони сирење, овошје и зеленчук и покрај незадоволството во јавноста за стартот на нивниот контроверзен обид за уништување на храната која се шверцува во земјата од Запад. Руската телевизија прикажа како се уништуваат девет тони сирење во регионот Белгород на границата со Украина. Властите соопштија дека сирењето дошло од Украина во необележани кутии, но оти тоа главно било произведено во Европската унија. Русија во минатата година воведе ембарго за увоз на храна од Запад како одговор на западните санкции што беа воведени по руската анексија на Крим и за поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG