Достапни линкови

50 илјади евра помош од албанската влада за Тетово


Албанската Vлада издвои 50 илјади евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. Се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени средства од 50 илјади евра, стои во одлуката на албанската Влада. Шефот на дипломатијата Дитмир Бушати одлуката ја оцени како како чин на солидарност и братска подршка за Тетово. „Денеска одобривме фонд од 50 илјади евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово, напиша Бушати на неговиот профил на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG