Достапни линкови

logo-print

Турција распоредува тенкови на границата со Сирија


Турција почна со распоредување на тенкови по границата со Сирија, во реони што се контролирани од сириските курдски Сили за заштита на народот. Станува збор за област меѓу турските градови Џизре (округ Шарнак) и Нусајбин (округ Мардин). На границата се распоредени и други оклопни возила. Од другата страна на границата се наоѓаат градови кад кои се знамиња на Силите за заштита на народот, вооружено крило на сириската курдска Партија за демократски сојуз, наведува медиумот. Анкара ги обвинува тие организации дека се поврзани со ПКК.

XS
SM
MD
LG