Достапни линкови

Напад на ПКК во Турција


Илустрација.

Илустрација.

Припадници на ПКК денеска извршиле напад врз полициска станица во турскиот округ Тунџели во источниот дел од државата. Напаѓачите употребиле автоматско оружје и снајпери, а престрелката траела повеќе од половина час. По нападот припадниците на ПКК побегнале, а владини сили помогнати со хеликоптери се во потрага по нив. Во меѓувреме, локалните власти во округот Шанлурфа, формирале уште три специјални зони за безбедност на границата со Сирија. Мерките за безбедност по границата се на највисоко ниво.

XS
SM
MD
LG