Достапни линкови

Русија ќе добие 1,2 милијарди евра од Франција за бродовите Мистрал


Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан вели дека Париз ќе и плати на Русија околу 1,2 милијарди евра за откажаниот договор за воените бродови Мистрал. Ле Дриан за радио РТЛ денеска изјави дека прашањето претходниот ден било дискутирано од францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот руски колега Владимир Путин и оти „и дека нема понатамошна расправа за ова прашање.“ Ле Дриан изјави дека почетната цена за двата бродови Мистрал - носачи на хеликоптери, била 1,2 милијарди евра, но дека Франција ќе плати помала сума, бидејќи бродовите не биле довршени и дека договорот бил суспендиран. Тој не даде точна бројка. Тој додаде дека нема казни за Франција поради договорот од 2011 година, кој прво беше одложен во 2014 и потоа откажан поради улогата на Русија во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG