Достапни линкови

Се урна воен хеликоптер во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 17 лица загинале во откако воен хеликоптер денеска се урнал во јужниот дел на Авганистан. Полициски претставници на местото на несреќата во провинцијата Забул, реко дека 12 војници загинале во инцидентот и 5 членови на екипажот. Ова е наводно најлошиот инцидент на авганистанските безбедносни сили откако во декември заврши борбената мисија на САД и НАТО. Еден официјален претставник за медиумите изјавил дека несреќата била последица на техничка грешка. Командант на армијата рече дека официјална делегација била испратена на местото за да ја истражува несреќата.

XS
SM
MD
LG