Достапни линкови

Баку: Долга казна затвор за Лејла и Ариф Јунус


Јавниот обвинител на Азербејџан го повика судот во Баку да ја осуди активистката за човекови права Лејла Јунус на 11 години затвор. Во денешното соопштение доставено до Судот за сериозни кривични дела во Баку, обвинителот исто така бара од судот да го осуди и сопругот на Лелја, Ариф Јунус на девет години затвор. Двојката беше обвинета за измама, фалсисфикат, даночно затајување и нелегални бизнис активности. Подоцна судењето беше одложено за 10 август. Судењето на двојката почна на 27 јули. Лејла Лунус е во затвор од јули 2014 година, а нејзиниот сопруг од август минатата година. Двајцата имаат здравствени проблеми и велат дека во затворот не добиваат соодветна медицинска помош. Лејла и Ариф Јунис се меѓу десетиците активисти, новинари и критичари на Владата кои се затворени во Азербејџан, каде велат дека претседателот Илхам Алијев води кампања да ги замолчи оние кои имаат различно мислење.

XS
SM
MD
LG