Достапни линкови

logo-print

Иран нуди посредување за конфликтот во Сирија


I

I

Иран се понуди да помогне во посредувањето за ставање крај на конфликтот во Сирија, наведувајќи дека наскоро во Обединетите нации ќе презентираат мировен план. „Ќе сториме се што е во наша моќ да се вратат мирот и стабилноста во Сирија“, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за време на средбата во Техеран со шефот на сириската дипломатија Валид ал Моалем. Претставници на Сирија, Иран и Русија деновиве во Техеран одржуваат консултации во обидот да најдат дипломатско решение за конфликтот во Сирија. Иран и Русија се поддржувачи на режимот на претседателот Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG