Достапни линкови

logo-print

Пронајденото крило е од малезискиот авион


Премиерот на Малезија Наџиб Разак изјави дека француските експерти потврдиле оти делот од крилото пронајдено деновиве на островот Реунион на Индискиот океан бил од малезискиот патнички авион МХ370 што исчезна пред повеќе од една година. Авионот се загуби од радарите над Јужното кинеско море еден час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг на 8 март лани. Доказите покажале дека авионот во кој имало 239 луѓе мистериозно го сменил курсот на летот.

XS
SM
MD
LG