Достапни линкови

Прво американско бомбардирање од Турција врз ИД во Сирија


Американско беспилотно летало вчера бомбардирало позиции на милитантите на Исламската држава во Сирија. Тоа е прва операција изведена од Турција, јавуваат агенциите, повикувајќи се на неименуван претставник на Турција кој додал дека дронот полетал од воената база Инџирлик. Турските медиуми јавуваат дека околу 30 американски борбени авиони во наредниве денови би требало да пристигнат во таа база за да бидат вклучени во борбите против џихадистите во Сирија во рамките на меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG