Достапни линкови

logo-print

Кремљ: решено прашањето со Франција околу бродовите мистрал


Официјална Москва соопшти дека Русија го смета за решено прашањето за договорот за испораката на два брода од типот „мистрал“ откако Париз реши да ги врати парите кои за таа цел биле исплатени однапред. „Претседателите на Русија и на Франција Владимир Путин и Франсоа Оланд донесоа заедничка одлука за раскинување на договорот“, се наведува во соопштението на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Претходно, Елисејската палата соопшти дека на Русија ќе и биде вратен целиот износ што го дала во рамките на договорот, како и руската опрема која веќе била поставена на бродовите. Според некои наводи, станува збор за над милијарда евра. Испораката на бродовите беше поставена како услов за решавање на конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG