Достапни линкови

ИД ќе го убие киднапираниот Хрват во Египет


Египетскиот огранок на терористичката организација Исламска држава се закани дека ќе го обезглави Хрватот кој работи за една француска компанија, а беше киднапиран кон крајот на јули во предградие на Каиро, ако египетските власти не ги ослободат сите уапсени муслиманки во Египет. На видео снимка објавена на интернет се гледа маж кој клечи во пустина, а зад него има маж со качулка на глава, облечен во маскирна униформа со нож, а до него се вее знамето на ИД. Хрватот облечен во портокалова облека, како и сите заробеници на ИД, чита порака на англиски јазик. Тој се претставува како Томислав Салопек, оженет 30 годишен татко на две деца. Тој вели наведува дека киднаперите ќе го убијат во рок од 48 часа доколку египетската Влада не го исполни барањето.

XS
SM
MD
LG