Достапни линкови

Времето денеска: претпладне сончево, попладне со врнежи


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат распространети низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степена, а дневната од 30 до 37 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Утринската температура до 20, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

XS
SM
MD
LG