Достапни линкови

Шешељ го запали хрватското знаме


Околу 300 приврзаници на Српската радикална партија денеска протестираа пред хрватската амбасада во Белград, по повод 20-годишнината од операцијата „Бура“, а претседателот на партијата Воислав Шешељ во таа прилика го запали државното знаме на Хрватска. „Ги предупредуваме сегашните власти во Србија, Александар Вучиќ и Томислав Николиќ дека немаат право „било што да им простуваат на Хрватите во име на српскиот народ“, рекол Шешељ обраќајки и се на толпата. Тој истакнал дека не може да се направи помирување додека не биде вратена „српската земја“ и дека само жртвите можат да простуваат. Лидерот на радикалите рече дека нема да војуваат против Хрватска која е членка на Европската унија и НАТО, но дека Србите „нема да заборават што е српско“ и дека ќе ја повратат Краина и Косово. Шешељ додаде дека Србија никако не смее да прифати арбитража во спорот околу границата со Хрватаска на левата обала на Дунав, бидејќи ќе ја загуби.

XS
SM
MD
LG