Достапни линкови

Обама го брани нуклеарниот договор со Иран


Американскиот претседател Барак Обама денеска продолжи да го брани нуклеарниот договор постигнат на 14 јули меѓу Иран и шесте светски сили. Одговрајќи на критиките на републиканците, кои на 4 август поднесоа предлог закон во Конгресот на САД за одбивање на договорот, Обама ги повика Американците „да го оценат кредибилитетот на аргументите што се направени против дипломатијата.“ Тој истакна дека многу од републиканците го објавија своето противење за договорот, дури и пред да го прочитаат. Се очекува Конгресот во септември да гласа дали договорот да биде одобрен или одбиен. Републиканците велат дека имаат доволно гласови за законодавството да не го одобри договорот. Но, тие не истакнуваат дека имаат доволно гласови во однос за регулативата за да го избегнат претседателското вето. Обама денеска изјави дека единствената земја која се противи на договорот е Израел.

XS
SM
MD
LG