Достапни линкови

logo-print

Уништени куќи во пожари во Бугарија


Илустрација.

Илустрација.

Голем пожар избувнал денеска во близина на градот Јамбол, во југоисточна Бугарија и досега уништи најмалку две куќи и неколку стопански објекти. Пожарот, кој избувнал околу пладне по локално време, зафатил сува трева и нискостеблеста и листопадна шума и има фронт на ширење во должина од околу четири километри. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни единици од Јамбол и околните градови, припадници на бугарската армија, како и еден хеликоптер. Директорот на бугарската Главна дирекција за безбедност од пожари и заштита на населението, Николај Николов соопшти дека огнената стихија досега уништила „две куќи и три-четири стопански објекти“ во селото Валча Полјана.

XS
SM
MD
LG