Достапни линкови

Нападнат репортер во Киргистан


Дописник на Радио Слободна Европа во јужниот киргистански град Ош, бил нападнат и претепан во близина на свадбена поворка. Идирис Исаков денеск возел накај работа, кога три автомобили му го блокирале патот и еден млад човек му рекол дека не може да го корисрти патот бидејќи поминува свадбената поворка. Исаков одбил да ја паромени рутата и двајца луѓе го нападнале внатре во колата и го тепале. Еден од напаѓачите му рекол на Исаков дека е роднина на човек што работи во канцеларијата на обвинителот. Кога Исаков почнал да ги снима напаѓачите со камера, тие побегнале. Исаков се здобил со модринки и повреди на лицето. Полицијата во Ош започнала истрага за нападот.

XS
SM
MD
LG