Достапни линкови

Во Авганистан убиени десетици бунтовници


Министерството за внатрешни работи на Авганистан денеска соопшти дека „најмалку 88 вооружени бунтовници се убиени за време на изминатите 24 часа, како резултат на антитерористичка операција низ земјата. Во соопштението на министерството се вели дека операциите биле извршени од страна на трупи на авганистанската Национална армија и Националниот директорат за безбедност во сите делови на земјата. Во меѓувреме портпаролот на полицијата во провинцијата Нангархар рече деак 60 милитанти вчера биле убиени како резултат на воздушни напади во Нангархар.

XS
SM
MD
LG