Достапни линкови

logo-print

Турција: сеопфатна борба против ИД


Од турските воено-воздушни бази наскоро ќе почне „сеопфатна“ борба против џихадистите од Исламска држава. Акциите ќе ги предводат САД и коалицијата. Турција во минатиот месец одобри користење на нејзините бази за борба против ИД. „Американски дронови и авиони пристигнуваат и наскоро почнуваме сеопфатна борба против исламска држава, изјави за ТРТ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Со САД постигнавме напредок во насока на отворање на базите посебно на Инџирлик“, додаде тој. Турција и САД работат на планови за обезбедување поддршка од воздух за обучените од САД сириски бунтовници и заедно да ги протераат припадниците на ИД од појас во северна Сирија што се простира на околу 80 км по границата со Турција.

XS
SM
MD
LG