Достапни линкови

logo-print

Киргистан подготвен за членство во ЕЕУ


Престседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев го потпиша законот кој одобрува Киргистан да се приклучи во Евоазиската економска унија (ЕЕУ) предводена од Русија, при што беше финализиран процесот за членство на Бишкек во групата. Казахстан беше последната земја која требаше да го ратификува договорот за пристапување на Киргистан во ЕЕУ, откако тоа го направија парламентите на Ерменија, Белорусија и Русија. Киргистанскиот вицепремиер Валериј Дил минатата недела рече дека царинскитре служби на границите ќе бидат отворени неколку дена откако Киргистан целосно ќе ги ратификува сите документи. Договорот за пристап на Киргистан во унијата беше потпишан во декември.

XS
SM
MD
LG