Достапни линкови

Воена делагација на САД ја посети Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Генерал Вилијам Фрејзер Трети денеска ја посети Македонија и имаше средбата со министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој предводи воена делегација од САД, а цел на посетата е идните лидери на американските воени сили да се запознаат со Македонија и да ги разгледаат можностите за развој на соработката меѓу двете држави. Тој по средбата рече дека САД се голем поддржувач на Република Македонија уште од самото прогласување на независноста на земјата. „Горди сме на нашето долгогодишно партнерство со Македонија и остануваме посветени на долгорочната соработка во врска со регионалните и глобалните приоритети.“ Министерот Јолевски соопшти дека група од 20-тина американски генерали се државата за да се запознаат со тоа што Армијата на Република Македонија го има постигнато, со реформите што Македонија ги прави на нејзиниот пат кон НАТО. Тој истакна дека „ова е доказ за стратегиското партнерство меѓу Македонија и САД.“ Јолевски на средбата презентирал аргументи зошто Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО. Тој рекол дека членството на Република Македонија во НАТО, е одлична прилика да покаже НАТО дека се проширува и зајакнува, а стаус-кво ситуацијата со поканата на Македонија не е решение.

XS
SM
MD
LG