Достапни линкови

Недостиг од кадар во охридската болница


Новата болница во Охрид.

Новата болница во Охрид.

​​Доктор Гоце Каневчев, вели дека со крајни напори ги реализирале дежурствата. Во Охридската болница има недостаток и на анестезиолози, па на помош доаѓаат од Струга и Битола.

Охридските лекари се жалат дека поради недостаток на кадар во Охридската општа болница едвај успеваат да се справат со зголемениот обем на работа во периодот на туристичката сезона. Охрид пред две години доби современа болница, но недостатокот на кадар на неколку одделенија останува болна точка.

Се соочуваме со сериозни проблеми и со дежурства кои тешко можат да се издржат. Имаме и по 30-40 случаи во текот на 18 часовно дежурство, а во текот на 24 часа и многу повеќе. Не знам кој човек ќе го издржи тој напор.

Доктор Гоце Каневчев, хирург вели дека со крајни напори ги реализирале и дежурствата.

„Последните три недели хируршкото одделение при општата болница се соочува со зголемена фреквенција на работа. Охрид е туристички град и не само што лекуваме од регионот лица, туку од цела Македонија и странство. Чести се сообраќајните незгоди. Се соочуваме со сериозни проблеми и со дежурства кои тешко можат да се издржат. Имаме и по 30-40 случаи во текот на 18 часовно дежурство, а во текот на 24 часа и многу повеќе. Не знам кој човек ќе го издржи тој напор“, вели Каневчев.

Д-р Љубен Арнаудов, директор на општа болница Охрид.

Д-р Љубен Арнаудов, директор на општа болница Охрид.

Каневчев вели дека после 20 часот на хируршкото одделение останува да дежура само една медицинска сестра која треба да згрижи повеќе пациенти.

Се зголемени случувањата и имаме повеќе несакани настани по угостителските објекти. Со екипи сме подготвени ако дежураат по еден специјалист по одделенијата, но по потреба имаме доктори на повик.

„Ние немаме персонал двајца да дежураат, а на еден хирург 30 души да му дојдат за 18 часа навистина не може да се издржи. Сепак Охрид е туристички град. Градот е полн со гости и се случуваат разни незгоди. Попладне се две сестри, а во текот на ноќта после 20 часот докторот останува, а останува само една сестра и една сестра да згрижи толку многу гости. Наеднаш ќе дојдат пет- шест души“, вели Каневчев.

Директорот на охридската болница Љубен Арнаудов рече дека изработиле акционен план како да се справат со овие проблеми.

„Малку е тешко поради недостаток на кадар, поради недостаток за време на користење на годишни одмори. Мислам дека планот успешно функционира и за сега благовремено интервенираме. Се зголемени случувањата и имаме повеќе несакани настани по угостителските објекти. Со екипи сме подготвени ако дежураат по еден специјалист по одделенијата, но по потреба имаме доктори на повик“, рече Арнаудов.

Арнаудов признава дека болницата има недостаток на анестезиолози. Имале само двајца анестезиолози од кои едната докторка била на скратено работно време, а другата имала хронични заболувања.

„Направивме договор со општата болница Струга. Струшките анестезиолози доаѓаат тука, а за летниот период склучивме договор и со клиничката болница од Битола и анестезиолозите сите доаѓаат од Битола тука“, рече Арнаудов.

XS
SM
MD
LG