Достапни линкови

Страв, неизвесност и незадоволство во тетовско


Тетовци се жалат дека биле безуспешни бројните апели да се чистат речните корита и канали за наводнување со цел при вакви услови да не се излеваат реките.

Покрај стравот какви ќе бидат последиците од поплавите, жителите на тетовско се соочуваат и со неизвесноста кога ќе им стигне помошта од институциите. Велат не им преостанува ништо друго освен да очекуваат некој да пристигне со механизација, бидејќи наносите од кал, камења и дрва, освен со багери и слични специјални возила, самите не можат да ги извадат од подрумите и дворовите.

Тешко може кој и да е да помогне, ама за ова тињава ќе мора да чекаме помош некој да ни помогне.
анкетиран жител на Тетово.

„Ние помош ќе бараме и треба да ни помогнат. Ова не е наша вина. Бараме. Кој може сега ова да го изнесе со раце, кажете.“

„Се знаеше, прво пристапот, стигнувањето до институциите да побараме помош беше тешко многу. Гужва невидена. Никој не можеше да стигне ни до пожарна, ни до ништо. Ептен најдовме таму еден полски пат и влеговме до пожарна.“

Неколку пати сме се обратиле до општина да го исчисти коритото на реката. Плус тоа има многу узурпации и изградени колиби во коритото на реката Пена. Е сега ова резултира, само поради тоа сета вода излезе надвор.
анкетиран жител на Тетово.

„Бидејќи не можеме ние, оваа работна сила, бидејќи има големи наноси на кал, апелираме до општината до градоначалникот, да ангажираат механизација.“

„Тешко може кој и да е да помогне, ама за ова тињава ќе мора да чекаме помош некој да ни помогне“, велат граѓаните.

Жителите на тетовско се целосно незадоволни од работата на институциите на централно и локално ниво кога е во прашање превентивното делување. Кажуваат дека безуспешни биле бројните апели да се чистат речните корита и канали за наводнување со цел при вакви услови да не се излеваат реките.

„Неколку пати сме се обратиле до општина да го исчисти коритото на реката. Плус тоа има многу узурпации и изградени колиби во коритото на реката Пена. Е сега ова резултира, само поради тоа сета вода излезе надвор“, објаснува жител на Тетово.

„Мислам дека во иднина треба и органите да превземат некои мерки. Сега овде нема некој план за урбанизам. Меѓутоа треба да има тек на реките, треба да имаат прилив, да имаат излив, излез и канализации. Тоа не е уредено, само направени, секој со своја глава како ги прават во селата“, вели жител на Шипковица.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи уверува дека соработка на институциите по поплавите е добрa.

„Беше формирана група која ќе направи проценка на сите направени штети и истите да им бидат надокнадени на граѓаните за многу кратко време“, истакна Арифи.

Покрај помошта за поплавите, населението е во очекување да добие и вода за пиење и храна.

XS
SM
MD
LG