Достапни линкови

Почна изградбата на Панорамското тркало


Панорамското тркало по неколкумесечна пауза почна да се гради со поставување на неговите темели, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. За изведба на Панорамското тркало како дел од проектот „Скопје 2014“ се издвоија 18,3 милиони евра. Тркалото ќе има дијаметар од 57 метри и ќе биде високо 73 метри. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години. Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП.

XS
SM
MD
LG