Достапни линкови

Врховниот суд на Пакистан ги одобри воените судови


Врховниот суд во Исламабад.

Врховниот суд во Исламабад.

Врховниот суд на Пакистан донесе одлука дека тајните воени судови во земјата се легални и можат да изречат смтна казна за цивили. Со денешната пресуда направена во Исламабад се очекува додатно да ја зајакне влијанието на војската во Пакистан. Воените судови беа овластена да судат милитанти, откако Талибанците во декември масакрираа 150 луѓе во воено школо, скоро сите од нив деца . Уставноста на воените судови беше оспорена од неколку адвокати. Но, главниот судија Насир ул-Мулк со денешната предуда ги отфрли сите тужби против судовите. Владата во Пакистан соопшти дека поставувањето на воените судови било неопходно, бидејќи судиите во цивилните судови биле премногу исплашени да осудат милитанти на смрттна казна. Воените судови сослушаа повеќе од 100 случаи на милитанти и до јуни донесоа најмалку 27 пресуди.

XS
SM
MD
LG