Достапни линкови

logo-print

Некои владини одлуки во изминатиов период се за во рубриката „Верувале или Не“, имајќи ја во предвид сета претходна упорност за истите тие закони, мерки одлуки. Што е следно или што ќе се случува до Април 2016

Се укинува обврската за возење со светла во текот на денот. Ваквата информација одекна во јавноста, откако претходно меѓу главните теми беа владините одлуки за укинување на плаќањето на пензиско и здравствено за хонорарците, намалување на казните за фирмите во повеќе области или пак минималното поевтинување на струјата.

Правниот систем бара донесување издржани закони, закони што ќе траат подолго време, бара претходно проучување на општествените состојби.

Според аналитичарите има два збора кои се зад ваквите потези-доаѓаат избори. Но паралелно со укинувањето на законите за кои и претходно групи граѓани изразуваа несогласувања но владата не ги стопираше се отвора и прашањето што може сега да се случува до најавените избори во април. Ваквите чекори од аспект на правната сигурност на граѓаните не се добри, оценува професорот Темелко Ристевски.

„Правниот систем бара донесување издржани закони, закони што ќе траат подолго време, бара претходно проучување на општествените состојби, нормативниот систем па потоа да се донесе закон за тој да биде траен, а не закони за постигнување на популистичките цели , менување на законите. Тоа остава впечаток дека имаме еден правен систем имаме една нормативна регулатива што не е сигурна“, вели Ристевски.

По социјалните мрежи пак веќе почнаа забелешки за попустливоста на владата во периодов, па почна да се бара и укинување на обврската за продавање алкохол до 21 часот, легализација на марихуаната и поништување на редица други закони кои се сметаат за непогодни. Според професорот Арсим Синани следејќи го досегашното однесување на владата, до изборите во април можно е како што вели да се донесат или укинат уште многу закони само за да им се удоволи на гласачите.

„Од една козметичка влада вие може да очекувате козметички одлуки и да одобри се што би посакале граѓаните за да ги придобие за изборите. Јас не очекувам нешто да се смени туку само да се оди на тоа да се придобие нешто и ако се гледа во таа смисла може да очекуваме да се носат одлуки кои можат да бидат смешни за една стабилна демократија“, вели Синани.

Инаку предлог законот за безбедност во сообраќајот во кој е предвидено укинувањата на светлата ќе биде на расправа на комисијата за одбрана и безбедност на 24 месецов, а оној со кој се укинуваа давачките за хонорарците веќе помина и стапи во сила од први август.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG