Достапни линкови

logo-print

Обама и Бан Ки Мун разговараа за климатските промени


Американскиот претседател Барак Обама по состанокот со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека светот мора повеќе да се вклучи во борбата против климатските промени. Обама во понеделникот претстави план со цел термоцентралите во Соединетите држави да ја намалат емисијата на штетни гасови во атмосферата до 2030 година. Досега само 47 од 194 земји членки на Обединетите нации имаат претставено планови за намалување на испуштањето штетни гасови во атмосферата. Се очекува Барак Обама да учествува на Годинашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во септември и да одржи говор на истиот ден кога тоа ќе сторат и лидерите на Кина, Русија и Иран.

XS
SM
MD
LG