Достапни линкови

Во Ирак протести против корупцијата на владата


Во повеќе градови во Ирак веќе неколку денови граѓаните протестираат против корупцијата на владата која, како што велат, довеле до прекини на снабдувањето со електрична енергија за време на сегашниот топлотен бран што ја зафати земјата. Протестите биле главно мирни, но, според оценките, би можело да предизвикаат паѓање на владата на премиерот Хајдер ал Абади и тоа во момент кога владините сили покренаа нова офанзива за преземање на провинцијата Анбар која под контрола на милитантите на Исламската држава. Високите температури од над 50 Целзиусови степени предизвикаа зачестени прекини на снабдувањето со струја.

XS
SM
MD
LG